Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вкусна храна, која не дебелее
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Вкусна храна, која не дебелее
Магазин

Вкусна храна, која не дебелее

Последна измена: 16/04/2020 16:08
Сподели
7 мин. за читање
Сподели

Модерното време и брзиот начин на живот со себе донесоа и негативни работи, барем што се однесува до исхраната. Се повеќе се случува да јадеме нездрава и многу мрсна храна која нема никаква хранлива вредност и предизвикува дебелина. Единствен проблем е што ваквата храна е многу вкусна. Да , но по која цена? Полна е со шеќери разни појачувачи на вкусот, а за хидрогенизирани масти и да не зборуваме. И од кога тоа Кока кола стана подобра од свежо исцеден сок од портокал или од грејфрут. Крајно време е да превземете нешто по ова прашање и да започнете да се хранете здраво.

Јадете повеќе овошје

Кексот, чипсот и другата високо – масна храна може да има одличен вкус. Но проблемот е во тоа што оваа храна има ниска хранлива вредност, а содржи многу калории дури и ако се внесува во мали количини. Можете да си помогнете себе си и на своето семејство така што ќе почнете да јадете повеќе, но ќе внесувате помалку калории. Еве и како: одберете храна со ниска енергетска густина. Овие продукти (јаболка , портокали и другите сорти на овошје) содржат многу помалку калории дури и кога се во прашање големи количини. А од нив и подолго време ќе бидете сити. 

Храна богата со вода

Овошјето и зеленчукот содржат повеќе вода и влакна отколку преработената храна, што ви дава чувство на ситост. На пример доматите со средна големина содржат иста количина на калории како пет солени стапчиња. Пробајте да ја замените сувата храна со намирници кои се богати со вода. Ова ќе ви помогне и да го регулирате метаболизмот.   

Грав, грашак и други махунарки

Гравот, грашакот и другите махунарки содржат моќни хранливи состојки кои на организмот му даваат енергија. Тие содржат слична количина на протеини како месото, но се многу помалку масни. Високата количина на влакна ќе ве засити и ќе ве заштити од запек. Нема потреба да ве советуваме како да ги користите бидејќи веруваме дека ги имате редовно на своето мени.

Интегрални житарици за доручек

Обично наутро сакаме што побрзо да заминеме на работа па така се случува и да не доручковаме. Грешка! Ако не стигнувате или немате навика да доручковате пред да заминете на работа, земете со себе интегрални житарици. Изборот е голем а ние ви ги препорачуваме оние без шеќер(овесни снегулки и слично). Тие ќе ве заштитат и ќе ви дадат енергија. Зарем не ви здосади да јадете секое утро бурек? 

„Ажурирајте“ го главното јадење

Не морате да јадете полна чинија со брокула секој ден за бидете здрави и витки. Обидете се да додадете зеленчук во главното јадење. Спанаќ, морков, целер, тиквица, можете да додадете и во чорби и скоро во сите други јадења. Пиперки, спанаќ, морков, целер можете да додадете во омлет, во лазањи или пак во сос за тестенини. Со додавање на зеленчук ќе ја смалите количината на високо масни производи како што се месото и сирењето.

Почнете ја вечерата со салата

За најдобри резултати, јадете салата пред  главниот оброк . Според една студија, жените кои дваесттина минути пред да консумираат тестенини јаделе салата, внесле 12 % помалку калории. Според тоа пред оброкот јадете салата, по можност зачинета со малку маслиново масло и сок од лимон наместо оцет. Почекајте барем неколку минути пред да преминете на главното јадење – ви гарантираме дека ќе изедете помалку а ќе бидете сити. 

Супа

Супата е еден од начините да го започнете оброкот со малку калории –секако ако се одлучите за оние супи кои не се кремасти. Високата количина на вода во супата ја прави  да биде предјадење кое бргу ќе ве засити, па само една чинија пред главното јадење  ќе ве заштити од прејадување со храна која има многу калории. Интересно е тоа што водата за пиење го нема тој ефект. Продуктите кои во себе содржат голема количина на вода можат бргу да ја заситат гладта, а водата за пиење нема да ви помогне во тоа.

Зеленчук

Дали вие и вашето семејство имате желба да пробате нови видови на зеленчук? Пополека додавајте ги во вашето секојдневно мени. Направете листа од сите врсти на овошје и зеленчук кое ви се допаѓа. Обарено, печено или свежо сето тоа зависи од вас. Вклучете ги и децата во подготовка на храна – кога помагаат во кујната  голема е веројатноста дека ќе ја сакаат. 

Вклучете го целото семејство во здравиот начин на исхрана

Вклучете ги и децата во здравиот начин на исхрана, така што ќе им дозволите да ви помогнат во подготвувањето на пица од зеленчук. Така ќе го одвикнете семејството да нарачува  масни пици полни со нездрави намирници. Тие со текот на времето ќе сватат дека и домашната пица со зеленчук може да биде подеднакво вкусна.

Додадете овошје и подобрете го вкусот на храната

Нема да се лишите од вкусот кога ќе јадете намирници со ниска енергетска вредност напротив вие ќе го подобрите вкусот. На пример ако во пилешката салата додадете јаболка ќе добиете слаткаст и богат вкус. Ако вашите деца обожаваат сладолед за десерт пробајте еден мал трик-купете обезмастен јогурт и ставете во него. Верувам дека ова ќе им се допадне. 

Бидете пример

Секако ако сакате вашето семјство да консумира  храна со помалку маснотии и калории, тоа треба и вие самите да го правите. Основен начин за учење кај децата е посматрањето на нивните родители. Не може да се очекува од децата да јадат салата ако вие самите не ја јадете. Запомнете дека јадењето на храна со ниска енергетска вредност не значи дека треба помалку да јадете туку тоа значи да јадете повеќе здрави намирници. Тоа е еден избор кој ќе ви помогне да се чувствувате позадоволно и поенегично.

Извор : Минимагазин

Може да ви се допадне

Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како да одгледате ловоров лист во саксија
Стоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:здрава хранаОзошје и зеленчик во исхранатаПравилна исхранахранаХрана која не дебели
Претходен напис Остануваат истите правила за движењето на земјоделците за време на полициски час
Следен напис Велика Британија со чартер летови носи берачи од Источна Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?