Кремасто предјадење кое ќе ја украси секоја трпеза.
Состојки:
- 4 тврдо варени јајца
- 1 пилешка паштета
- 1 лажица мајонез
- 3 лажици павлака
- 25 грама сушени домати во масло
- 1 лажица сецкан магдонос
- перца од свежо кромитче
Подготовка:
Јајцата сварете ги тврдо и излупете ги. Сварените јајца пресечете ги на пола, а потоа внимателно извадете ги жолчките. Ставете ги жолчките во сад, додадете паштета, мајонез, павлака, сецкан магдонос и ситно сецкано суво доматче.
Сè добро измешајте за да добиете мазна смеса. Подготовената смеса ставете ја во вреќичка за торти и наполнете ги половинките од белките.Сервирајте добро изладено и посипете со перца од свежо кромитче.
МИА

