Сточарите во сабота ургентно ќе се соберат. Од министерот Цветан Трипуновски ќе бараат минимална откупна гарантирана цена за јагнињата, информира ТВ Стар.
За сабота сточарите организираат итен собир и консултација за цената на јагнињата во оваа откупна сезона. До овој момент тие се во крајна неизвесност бидејќи ниту трговците ниту кланичарите не зборуваат за цена…
