Вкупен доток во акумулацијата на Дебарско Езеро, оној од Радика и Црн Дрим за период првите девет дена од месецов, просечно дневно беше 30 кубни метри во секунда, додека од 10 декември до вчера просечно дневно изнесува 90 кубни метри вода во секунда односно зголемување за околу 300 отсто, информираа за МИА од ЕСМ.
Само од Радика чиј водостој е видно зголемен дневно во период од 1 до 9 месецов дотокот изнесувал 14 кубни метри вода во секунда, a во период од 10 декември до вчера просечно дневно изнесувал 70 метри кубни во секунда, што претставува зголемување за околу 500 проценти.
– Тоа услови зголемување на резервата во акумулацијата, во која заклучно со вчерашниот ден има вода за производство на околу 11,5 гигават часови електрична енергија. Денес котата на езерото изнесува 567,50 метри надморска височина. Хидроелектраната „Шпилје“ работи според планот, додаваат од ЕСМ.
Во овој значаен електроенергетски објект до вчера произведени се вкупно 2.055.000 мегават часови електрична енергија, што претставува околу 84 отсто реализација во однос на годишниот план.
Вкупниот доток на вода од Радика и Црн Дрим во Дебарско Езеро зголемен за 300 отсто
Остави коментар
Остави коментар