Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висококвалитетните вина на малите винарии се перспективата на македонското лозарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Висококвалитетните вина на малите винарии се перспективата на македонското лозарство
Агровести

Висококвалитетните вина на малите винарии се перспективата на македонското лозарство

Објавено 16/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Тиквешки семејни винарии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на малите винарии, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Тиквешки семејни винарии Горан Јаковлевски.

Ангелоски истакна дека малите семејни винарии произведуваат вино со врвен квалитет од одбрани сорти на грозје што нивниот краен производ го прави уникатен и посебен.

„Поддршката на малите и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи тие се оние кои вработуваат голем број луѓе и ја движат економијата. Малите семејни винарии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивно застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на активности кои ќе се наметнат како потребни“, изјави Ангелоски.

Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на малите семејни винарии пред сите домашни и меѓународни организации и институции; поддршка во развојот на вина од македонски автохтони сорти и унапредување на извозот на вино во шишиња; заеднички настап на извозните пазари; поддршка во градење препознатливост на вината на малите семејни винарии на регионалните и меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.

Во рамките на соработката оваа година Сојузот се јавува како поддржувач на настанот „Тиквешки вински салон“ кој ќе се одржи на 17 декември во Ангро Палас во Кавадарци. На манифестацијата ќе се претстават 35 мали семејни винарии, над 200 етикети на вино и 5 дестилерии со вињак и ракија.

Во земјава има регистрирано 76 мали семејни винарии кои годишно произведуваат околу 500 илјади литри вино. Во Здружението на Тиквешки семејни винарии иднината на лозарството и винарството ја гледаат во отворање на стотици мали винарски визби, но и во развој на винскиот туризам за кој има голем интерес, не само кај домашните, туку и кај странските гости.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вино
Претходен напис Како ќе изгледа земјоделството на ЕУ во следните десет години?
Следен напис Вкупниот доток на вода од Радика и Црн Дрим во Дебарско Езеро зголемен за 300 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?