Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „ВизЕр“ објави промоција наречена „Ол ју кен флај“, а тоа е годишен билет кој на клиентите им овозможува неограничени летови во текот на една година. На социјалните мрежи, пак, многумина предупредуваат за деталите
Цената на овој билет за неограничени летови е 499 евра, со тоа што се работи за промоција. Стандардната цена за сите клиенти по 16 август ќе изнесува 599 евра, објави Кликс.ба. Како што посочува „ВизЕр“, летовите до 950 дестинации се достапни за клиентите, а достапни се околу 10.000 билети, иако бројот е ограничен во одредени земји.
Сепак, многу корисници на социјалните мрежи навлегоа во деталите за оваа промоција и пронајдоа голем број работи кои би можеле да бидат проблематични. Најмногу се истакнува фактот дека со оваа претплата можете да купите авионски билет само во периодот од 72 часа пред летот. Исто така, може да се случи да не успеете да седнете во авионот, во зависност од различни фактори. „ВизЕр“ додаде цена од 9,99 евра по лет, која треба да ја платите без оглед на претплатата. Во цената на претплатата не е вклучен дополнителен багаж или избор на седиште во авионот. Критичарите на овој потег истакнуваат дека цената од 499 евра значи дека релативно мал број луѓе навистина ќе платат за купувањето. Имајќи предвид дека „ВизЕр“ има многу поволни цени на билетите, користењето на оваа претплата е финансиски исплатливо за луѓето на кои им требаат чести летови.
Извор: Слободен печат
Напишете коментар