Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Кристал 1923“ во маки да обезбеди средства за откуп на годинашниот род на сончоглед, извозот во Србија им е стопиран, а домашниот пазар е преплавен со српски маргарин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Кристал 1923“ во маки да обезбеди средства за откуп на годинашниот род на сончоглед, извозот во Србија им е стопиран, а домашниот пазар е преплавен со српски маргарин
Агровести

„Кристал 1923“ во маки да обезбеди средства за откуп на годинашниот род на сончоглед, извозот во Србија им е стопиран, а домашниот пазар е преплавен со српски маргарин

Објавено 15/08/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Српската Влада го ограничи увозот на масло за јадење и маргарин, со што трпи штети единствениот македонски производител велешка Маслодајна. Откако неколку години работи на извоз на маргаринот на пазарите во Србија и тој е во континуиран пораст, од 141 тон во 2021 лани стигнале до 317 тони, на 8 март годинава нивната Влада носи одлука за „квантитативно ограничување на увоз на земјоделско прехрамбени производи“, меѓу нив и на маргаринот.

„Вака донесената одлука на Српската Влада претставува грубо кршење на трилатералните договори склучени во рамките на иницијативата Отворен Балкан пoмefy нашата држава, Р.Србија и Р.Албанија со кои беше овозможен непречен и слободен проток на земјоделски и прехранбени производи помеѓу овие држави. За оваа состојба на 28 март годинава, писмено го информиравме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и самата Влада, но од таму не добивме никаков одговор, ниту пак се преземаа некакви мерки“ – соопштија од компанијата Кристал 1923.

И натаму македонскиот маргарин и масло за јадење се на листата на забранети производи за увоз во Србија. Одлуката на нивната Влада од 8 март и натаму е на сила, и по повеќе од пет месеци од донесувањето.

Со ова се крши ЦЕФТА  договорот за слободна трговија, што го констатира и Македонската Влада во обраќањето до велешка Маслодајна, која во два наврати писмено реагирала. Таа реагирала и во март, кога оваа забрана била донесена, како и неодамна до нова Влада.

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по оваа реакција,  на 1 август имал средба со српската амбасадорка во Скопје, која најавила дека „агилно ќе се заземе за решавање на проблемот“.  

Доаѓа време за откуп на годинашнава реколта на родот на сончоглед. Ние како едиствена фабрика која произведува масло за јадење од семето на сончогледот, потребни се средства за негов откуп. А како да дојдеме до средства кога извозот кој го имавме во Србија е стопиран, пазарот во Македонија затоа е преплавен со српски маргарин и масло за јадење. Дали ќе имаме можност, финансиски средства за  да го откупиме годинашниот род? Според статистичките податоци овие два производи, маргарин и масло за јадење увезени од Србија, надминуваат 60 % од вкупната понуда на  пазарот во државата. Тие  сега се доминантни на македонскиот пазар над македонските прехранбени производи. Со забраната  директно се крши ЦЕФТА договорот за слободна трговија. Дали е време Македонската Влада да размислува за ограничување на увозот на маргарините и маслата за јадење кои се произведуваат во српските прехранбени компании и кои се продаваат на македонскиот пазар, како што тие го штитат нивното производство така и ние да го заштитиме нашето“ – вели Горан Лазов, директор на компанијата Кристал 1923.

Увозот од Србија во Македонија, на маргарин останува со непроменето темпо. Лани во земјава биле увезени 2,5 илјaди тони а годинава за првите четири четири месеци 880 тони. Наспроти тоа откако лани велешка Маслодајна стигнала до извоз на 317 тони маргарин во Србија а годинава биле предвидени 500 тони, Српската Влада пролетва   го забрани увозот и на маргарин и на масло за јадење, штитејќи го сопственото произвдство.

Извор: http://tirekovmirece.com/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцимаргаринМаслодајнаоткупродсончоглед
Претходен напис „Визер“ воведе годишен билет за неограничен број летови
Следен напис Сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?