Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион
Агровести

УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион

Последна измена: 15/08/2024 23:09
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжи средбите со бизнис заедницата. Во организација на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) работни средби се одржаа во Струга и Тетово со бизнис заедницата од полошкиот регион.

На средбите претставниците од Управата за јавни приходи го истакнаа значењето на  доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници, разговараа за одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход како и за начинот на пријавување на приходите преку системот е-Даночни услуги.

Компаниите-членки на СКСЗМ се интересираа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба.

Присутните  адресираа и некои  неизвесности што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности.  Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите и податоците со другите институции кои се меѓусебно поврзани,  посочија за  значителен број на нелегални трговци кои работат на пазарот во земјава кои немаат регистрирана дејност и предизвикуваат голема штета на формалните компании, а исто така побараа вакви средби да се одржуваат поредовно.

Мухедин Авдиќ – раководител на сектор за даноци и услуги на даночни обврзници од  Управата за јавни приходи  истакна дека веќе се работи на развој на  даночен информациски систем  кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран, посочи дека даночни контроли се спроведуваат постојано согласно планот за контроли како и по претставки и дојави но и координирано со други институции.

Потпретседателот на СКСЗМ г-дин Јетон Асани и извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздравија оваа иницијатива на Управата за јавни приходи, и ја оценија како исклучително важна заради продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст.

На средбите сите се согласија  да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои ги среќаваат на пазарот. (МИА)

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:ЕКОНОМИЈАкомпанииполошки регионсистемујп
Претходен напис Стоилев: До крајот на годината ќе се исплатат сите субвенции за 2023 година!
Следен напис „Визер“ воведе годишен билет за неограничен број летови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?