Вистински спа третман уживаат краставиците во бугарското гратче Минерални Бани. Таму, за производство на краставици во оранжериите ја користат локалната термоминерална вода, со цел да заштедат струја и да искористат што повеќе природни ресурси. Освен тоа, со цел да го поттикне растот на зеленчукот, некои оранжерии пуштаат музика. Според соопштението од гратчето Минерални Бани, природната изворска вода доаѓа до земјиштето со температура од 56 до 67 степени Целзиусови, што значи дека оранжериите бараат минимално дополнително загревање. Ова е клучен развој во оранжериското производство, бидејќи високите цени на енергијата во зима може неразумно да ги зголемат трошоците за производство.
Гратчето Минерални Бани на Бугарските Родопи има околу 14 природни топли извори и се користи како одгеотермалната вода на земјоделски инвеститори.
Според официјалното соопштение, изворите течат со капацитет од околу 50 литри во секунда, а општината за за потребите на земјоделството продала 17 литри во секунда. Тоа вклучува оранжерии од 60 хектари во самиот Минерални Бани и 17 хектари во блиското село. Ова носи околу 100.000 евра годишно во форма на приход кој локалните власти можат да ги искористат за подобрување на инфраструктурата, пренесува mineralnibani.bg.
