Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија ја укинува царината за увоз на прасиња за да го обнови добиточниот фонд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија ја укинува царината за увоз на прасиња за да го обнови добиточниот фонд
Агровести

Србија ја укинува царината за увоз на прасиња за да го обнови добиточниот фонд

Објавено 11/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно одлуката на Владата на Србија, на иницијатива на Министерството за земјоделство, од оваа година е укината царината за увоз на прасиња за гоење со тежина до 50 килограми, како и давачката од 8,7 динари по килограм за гоење прасиња и гоење говеда, со што според зборовите на ресорната министерка Јелена Танасковиќ, треба да се помогне за унапредување на добиточниот фонд во Србија.

„Оваа мерка е донесена како мерка да им помогнеме на нашите земјоделски производители во идејата за обновување на добиточниот фонд во Србија. Според проценките и анализите за претходните две години, кои ги правеа Републичката статистика, Стопанската комора на Србија, како и Министерството за земјоделство, во моментов ни недостасуваат околу еден милион прасиња за да го пополниме капацитетот на фармите“, рече министерката Танасковиќ.

Таа додаде дека во претходниот период нашиот добиточен фонд беше намален сточниот фонд и дека стратешка цел на Министерството за земјоделство и на целата држава годинава е зголемување на добиточниот фонд, при што акцентот ќе биде ставен на свињарството и говедарството.

Танасковиќ посочи дека со овие мерки на производителите ќе им се овозможи на краток рок, во текот на една година, колку што трае нивната реализација, да увезат квалитетни прасиња, „кои овде ќе ги хранат со нашата храна и кои ќе ги имаме за наши потреби“.

Според неа, поради укинувањето на царините и давачките, државата ќе биде во загуба од околу една милијарда динари, колку што е приходот од овие два извора минатата година, пренесува Agronews.rs.

Инаку, најмногу прасиња во Србија се увезуваат од Европската Унија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:добиточен фондпрасињасрбијацарина
Претходен напис Објавен конечниот извештај за ревизија на успешност за „Користење на водите за наводнување“
Следен напис Вистински спа третман уживаат краставиците во бугарското гратче Минерални Бани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?