Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите, порачува месната индустрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите, порачува месната индустрија
Агровести

Нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите, порачува месната индустрија

Објавено 11/01/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месната индустрија засега нема позитивен одговор од Владата во однос на барањето да се укинат увозните давачки за суровините, што би овозможило намалување на цените на крајните производи. Како што рече денеска директорот на „Пекабеско”, Слободан Кутревски, за ова прашање било разговарано, но одговорот на надлежните е дека во моментов нема можност да се излезе во пресрет. Сепак, тој се заблагодари за владината поддршка во однос на субвенционираната струја, нагласувајќи дека оваа мерка многу им помогнала.

-Нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите. За укинување на увозните давачки за замрзнатото месо, ние тоа го бараме, а државата треба да го одобри. Ако може, верувам дека ќе го одобри зашто најде сили да ни одобри за струјата. Веројатно и за тоа ќе најде. Што да правиме кога немаме домашна суровина. Ја стимулираме домашната суровина 30 и кусур години, откога сме независни, но повторно ни фали суровина. Разговаравме. Велат, „во овој момент не сме во можност. Не можеме и пари за струја да даваме и пари за ова и пари за она“. Значи, го баравме тоа, но сега за сега ќе причекаме, истакна Кутревски, одговорајќи на новинарски прашања.

Неговата компанија денеска ја посетија премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. -Цената на производите не ја сочинува само цената на струјата. Се што работиме, е на база на увоз, само работната сила е домашна. Месото од скоро е за 40 до 50 отсто поскапо, репроматеријалите,… Ако се создаде простор, сигурно ќе ги намалиме цените. Владата е максимално коректна кон нас и не можеме ние да вратиме со недобро однесување. Струјата не беше главен причинител за цените на производите, туку еден од главните. Тука се и нафтата, суровините, репроматеријалите, платите за вработените. Што да правиме ние?, рече Кутревски.

Според него, „Пекабеско“ минатата година ја заврши успешно, а очекува и профит.

-Минатата година ја завршивме успешно иако се соочивме со големи предизвици – високи цени на енергенси, суровини и репроматеријали. Oстанавме стабилни на пазарот, во снабдувањето и во флуктуацијата на работната сила. Водиме сметка за вработените и редовно даваме плата. Државата ни излезе во пресрет со намалување на цената на струјата, не вклучи во пакетот бенефицирани фирми кои произведуваат храна. Ќе има профит, иако не знаеме како е завршена, но ќе биде позитивна како и сите претходни години. Ние сме компанија која на домашниот пазар постои 44 години. Се надеваме дека оваа година кризните состојби ќе ги нема или ќе се намалат, а со тоа и стопанството, како и компаниите, ќе работат поуспешно, подвлече Кутревски.

Премиерот Ковачевски го посочи „Пекабеско“ како пример за успешна компанија.

-Вакви успешни компании ѝ требаат на нашата економија, а Владата се грижи во време на голема непредвидливост наметната од економската и енергетската криза, преку антикризните мерки на компаниите да им обезбеди да ги зачуваат своите бизниси, но најважно од сé да ги зачуваат и вработените. Фабриката „Пекабеско“ е пример за резултатот што го даваат владините мерки, компанијата користи субвенционирано снабдување на струја и поради тоа месните производи од декември лани се намалени за осум проценти. Преку владина поддршка компанијата има инсталирано и соларни панели, со што задоволува дел од потребите за струја за нивните производствени капацитети, рече премиерот. Тој напомена и дека „Пекабеско“ е дел од енергетската трансформација.

-Со државна помош, преку Законот за поддршка на инвестиции, ова фабрика инвестира во нови технологии, во нови машини. Во моментов „Пекабеско“ претставува најсовремена фабрика за производство на месни производи во регионот, а притоа веќе има инсталирано и фотоволтаични централа од половина мегават, со планови за нејзино неколкукратно проширување, рече Ковачевски. Во „Пекабеско“ работат 440 работници, просечната плата е 36.000 денари, а годишното производство достигнува 9.000 тони. Освен на домашниот пазар, производите на „Пекабеско“ може да се најдат и во Србија, БиХ, Косово и Црна Гора, како и во земјите од ЕУ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кутревскипекабеско
Претходен напис Вистински спа третман уживаат краставиците во бугарското гратче Минерални Бани
Следен напис Рекордно високо ниво на птичји грип е забележано во Јапонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?