Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високо заразен птичји грип откриен за прв пат во Австралија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Високо заразен птичји грип откриен за прв пат во Австралија
Агровести

Високо заразен птичји грип откриен за прв пат во Австралија

Објавено 20/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високо заразниот вирус на птичји грип H5N1 за прв пат е откриен во континентална Австралија, соопштија денска австралиските власти.

Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави дека кафеава скуа, вид морска птица преселница, пронајдена на оддалечена плажа јужно од Перт во Западна Австралија, била позитивна на болеста.

Позитивниот резултат значи дека вирусот, кој инфицирал милиони птици низ целиот свет, сега се проширил на секој континент.

– Ова е високо патогениот сој што предизвикува загриженост и циркулира глобално, а ова е негово прво откривање на континентална Австралија, рече Колинс.

Нагласи дека нема докази за масовни смртни случаи ниту за инфекција кај живината.

Тестирани се примероци од друга болна птица од истиот регион и дале сомнителен позитивен резултат за птичји грип. Примероците сега се испратени на потврдно тестирање.

Премиерот Ентони Албанезе изјави дека случајот е загрижувачки, но земјата е добро подготвена да одговори.

– Ова е нешто што се случило преку птиците преселници и се случило низ целиот свет, и затоа се подготвуваме за ова, рече Албанезе.

Варијантата H5 на птичји грип беше пронајдена на субантарктичката оддалечена австралиска територија на островот Херд минатата година. Болеста беше откриена на островот, околу 4.000 километри југозападно од Перт, откако таму умреа невообичаено голем број морски слонови.

МИА

Може да ви се допадне

Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај
На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
Дел од центарот на Скопје без вода
АФПЗРР: Соопштение за исплатените субвенции за тутун
АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
Таг:АвстралијаВисоко заразенптичји грип
Претходен напис На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
Следен напис Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?