Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година.
Подмерка 2.9 – Директни плаќања за женски приплодни грла маторици во 2025 година –
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грламаторици и поседуваат минимум пет грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година .
Висината на директните плаќања изнесува 4.000 денари по грло-маторица.
Крајниот рок за поднесување на барање за 2.9 – Директни плаќања за женски приплодни грла маторицие 31 мај 2025 година.
Подмерка 2.10 – Директни плаќања за за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку 20 гоеници во период од мај 2024 година до април 2025 година во регистриран кланичен капацитет и запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
-Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло и
-Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 20-15.000 грла 100%, од 15.001 до 25.000 грла 80% и над 25.001 грла 50%
Крајниот рок за поднесување на барање за 2.10 – Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети е 31 мај 2025 година.