Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година.
Подмерка 2.14 – Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство во 2025 година
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства;
-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство;
-На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
1. да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
2. да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
3. да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и – Потребното одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30 септември 2025 година.
Крајниот рок за поднесување на барање за 2.14. Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство е 31 мај 2025 година.
Подмерка 2.15 – Дополнителни директни плаќања за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици.
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели во Агенцијата за храна и ветеринарство и се регистрирани одгледувалишта на пчелни матици во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или се земјоделски стопанства членови на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици и
-Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици Крајниот рок за поднесување на барање за 2.15- Дополнителн и директни плаќања од подмерка 2.14. за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици е 25 декември 2025 година.
Подмерка 2.16 – Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства и
-Висината на директните плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2025 година.
Крајниот рок за поднесување на барање за 2.16 – Директни плаќања за лабораториск а анализа на физички и хемиски својства на мед е 25 декември 2025 година.