Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година.
Подмерка 2.7 – Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци во 2025 година
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат минимум 10 кози кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и
-Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по грло.
Крајниот рок за поднесување на барање за 2.7. Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци е до 31 мај 2025 година.
Подмерка 2.3 – Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство го имаат предадено на
регистриран откупувач на сурово млеко за период од јануари 2025 година до декември 2025 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од јануари 2025 година до декември 2025 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Минимална прифатлива количина млеко изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство;
-Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и
-Висината на директните плаќања изнесува 7 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо
Извор: Службен весник број 26 од 6.02.2025 година
Фото: Кози Млеко Планина