Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за за произведен и продаден необработен тутун од реколта 2020 година, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.
Мерка 1.10: Директни плаќања за произведен и продаден необработен тутун од реколта 2020 година
-Корисници на оваа подмерка се физички и правни лица кои своето производство на тутун од реколта 2020 година го продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи ;
-Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за I класа, 70 денари по килограм за II класа, 60 денари по килограм за III класа, IV класа, I класа и II класа од ориенталските дополнителни тутуни од типовите Прилеп, Јака, Џебел и Басмак.
Реализацијата на подмерката 1.10. од оваа уредба ќе се врши според податоци за откупени количини необработен тутун од реколта 2020 година, внесени во Електронскиот систем за евиденција на тутун (ИСЕТ) од страна на правни лица регистрирани во Регистарот на откупувачи на тутун.
