Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми , лешници и питом костен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми , лешници и питом костен
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми , лешници и питом костен

Објавено 11/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми, лешници и питом костен објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (ореви, бадеми , лешници и питом костен)

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

ед. бројОвошен видПрифатливиот број на садници по хектар е над
1.ореви70
2.бадеми330
3.лешници270
4.питом костен200

-Висината на директните плаќања за бадем и лешник изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања за ореви и питоми костени изнесува 15.000 денари по хектар, односно 18.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Напредни техники за одгледување бадеми и органско производство
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:бадемилешнициоревипитом костенплаќањасубвенции
Претходен напис Времето денеска сончево и студено со северозападен ветер, од петок пораст на температурата
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери
3 коментари 3 коментари
  • Goran напиша:
    на 26/03/2021 г. во 15:44 часот

    Zdravo,dali se prefrleni subvencii za lesnik za 2020 .pozdrav

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 06/04/2021 г. во 06:52 часот

      Почитуван, според најавите на Платежната агенција, исплатите се подготвуваат и ќе објават кога ќе биде официјално. Поздрав

      Reply
  • Sonja напиша:
    на 13/04/2021 г. во 20:48 часот

    Zdravo za ranogradinarstvoto koga ke bidat pusteni subvencite za 2020

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?