Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на автохтони раси на говеда, овци и кози
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на автохтони раси на говеда, овци и кози
Агровест

Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на автохтони раси на говеда, овци и кози

Објавено 25/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници,  објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, поточно критериумите за директни плаќања за одгледувачите на автохтони раси на говеда (Буша и Бивол), автохтони раси на овци(Праменка -Овчеполка, Шарпланинска и Каракачанска) и автохтони раси на кози (Балканска коза). Кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

  • Директни плаќања за грла говеда од автохтона раса Буша

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства сопственици на  минимум пет грла говеда од расата Буша, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и да се инвентаризирани  и карактеризирани од страна на овластена институција за спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.12.2021 година,

-Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по грло

  • Директни плаќања за грла овци од автохтона раса Праменка (Овчеполка и Шарпланинска)

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства сопственици на минимум 50 грла овци од расата Праменка (Овчеполка и Шарпланинска), кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и да се инвентаризирани  и карактеризирани од страна на овластена институција за спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.12.2021 година.

-Висината на директните плаќања изнесува 550 денари по грло

  • Директни плаќања за грла кози од автохтона раса Балканска коза                                                

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства сопственици на минимум 50 грла кози од расата Балканска коза кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на кози и да се инвентаризирани  и карактеризирани од страна на овластена институција за спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.12.2021 година.

-Висината на директните плаќања изнесува 550 денари по грло.

  • Директни плаќања за грла говеда од раса Бивол:

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда од раса Бивол, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.12.2021 година.

-Висината на директните плаќања изнесува 9.000 денари по грло,

  • Директни плаќања за грла овци од автохтона раса Праменка (Каракачанска):

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства сопственици на минимум 10 грла овци  од расата Праменка (Каракачанска), ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и да се инвентаризирани  и карактеризирани од страна на овластена институција за спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.12.2021 година,

 -Висината на директните плаќања изнесува 5.000 денари по грло.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:автохтони расисубвенции
Претходен напис Зоран Заев: Македонските „зелени машини“ се извезуваат во светски рамки
Следен напис Активен одмор на село: Гостите берат малини, молзат крави и прават сарми и слатко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?