Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зоран Заев: Македонските „зелени машини“ се извезуваат во светски рамки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зоран Заев: Македонските „зелени машини“ се извезуваат во светски рамки
Агровести

Зоран Заев: Македонските „зелени машини“ се извезуваат во светски рамки

Објавено 25/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Овие времиња на економски предизвици за голем број компании значат и поголема иновативност и прилагодување на новите трендови. Инвестициите во човечки и машински ресурси несомнено придонесуваат за зголемување на продуктивноста и квалитетот, што на крај резултира со подобра конкурентност и подобар пласман на производите“, истакна премиерот Зоран Заев од велешката компанија „Брако“ на промоцијата на инвестициите во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.

На обиколката на производствените погони, присутни беа и заменик-претседателите на Владата Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши, за локална самоуправа Горан Милевски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Премиерот Заев истакна дека е горд што повеќе од 60 инженери, кои што се дел од „Брако“ и „Грин машинс“, стојат зад напредното технолошко, целосно еколошко возило, со кое што компанијата, а со тоа и нашата земја е конкурентна на светскиот пазар.

„Современата трансформација на компанијата, резултира со создавање на производи што се продаваат на глобалниот пазар, како „Грин машинс“. Особено е значајно тоа што целиот нивен развој се одвива токму тука, во Велес, што значи тие се производ на Северна Македонија, од првичната идеја до конечната реализација. Ова што го создава „Грин машинс“ докажува дека фосилните горива и нивната примена во секојдневниот живот полека стануваат дел од историјата. За вакви извонредни иновации слушаме од сите страни на светот, а мене ми е особено мило што такво едно еколошко решение е создадено токму во Северна Македонија“, изјави Заев и додаде дека Владата е тука да ги поддржи компаниите да ја зајакнат својата структура, да го зголемуваат извозот, да бидат иновативни и да произведуваат производи со поголема додадена вредност.

Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако“ рече дека иднината на македонската индустрија се производите со поголема додадена вредност.

„За да се произведуваат такви извозно ориентирани продукти што можат да се продаваат во целиот свет, потребно е компаниите да го поседуваат највисокото ниво на технологија и да имаат агресивен маркетинг. Токму ова веќе 20 години го применуваме во „Брако“, а овие возила се резултат на овој принцип на работа. Навистина сум горд што денес можеме да ги промовираме овие возила, пред сѐ, возилото на водороден хидрогенски погон што е комплетно развиено како најнова технологија што е иднина во светот. Исто така, горди сме што во „Брако“ во Велес се произведе машина за чистење и метење улици, со големина и капацитет што се први во светот“, рече Анѓушев.

Македонските „зелени машини“ за чистење на јавни и отворени површини, се извезуваат во Лондон, во Холандија, Австрија, Германија, Вашингтон и на други места во светот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анѓушевбракозаев
Претходен напис Мистериозно изумираат јаболкниците во Америка – причината сè уште не е позната
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на автохтони раси на говеда, овци и кози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?