Извори на лековита минерална вода, преубава природа, чист воздух и бистри планински потоци само се некои од потенцијалите на селскиот туризам на Драгачевскиот крај. Семејството Павловиќ од драгачевското село Котраж сè што ќе произведе на својот имот им го поставува на гостите на богатата трпеза.
„Сосема случајно дојдовме на идеја да се занимавама со селски туризам. Ние овде работиме земјоделство, хектар компир и хектар малини. Сезонски работници имаме секоја година и поради потребата за сместување прво подигнувавме објекти. Кога ќе се заврши бербата на малини, работниците заминуваат и сместувањата ни се слободни, а од друга страна органската храна што ја произведуваме ја имаме во доволни количини, како и златните раце на домаќинката Дана, мојата мајка, која со децении работела во угостителството како готвачка и сега има можност на гостите да им ги претстави своите готвачки вештини“, вели Милош Павловиќ.
„Се занимаваме со тов на телиња. Имаме свое месо, сопствено производство на јајца и кајмак. Домашни кокошки и јајца, буквално сè што произведуваме од храна се преработува и завршува во кујна. Овошјето го преработуваме во слатка зимница и ракија, зеленчукот во солена зимница, комплетно го заокружуваме производството“, вели Павловиќ.
Пандемијата со короната многумина врати на село, па покрај оние кои потекнуваат од драгачевскиот крај, и гостите од Белград и Нови Сад одлучуваат одморот на го поминат во конаците на Павловиќ.
„Доаѓаат семејства со деца од сите краишта на Србија, но тоа што ме изненадува е дека меѓу нив има и доста странци кои повеќе сакаат одморот да го поминат на село. Многумина веќе биле овде па сакаат повторно да бидат наши гости, а многу повеќе се оние кои доаѓаат по препорака, како гости од Русија, Чешка и Полска. Веќе на големо почнаа да резервираат за оваа летна сеозна, а меѓу нив има и такви кои би учествувале во берба на малини. Иако им велам дека веќе имам договорено сезонски работници, тие се заинтересирани престојот во Котраж да го искористат да научат да берат малини, да молзат крави и она што ќе го наберат во нашата градина има такви гости, вели Милош и додава:
„Минатата година беше еден брачен пар од Белград, жената е со потекло од Мексико и во главниот град држат ресторан за мескиканска храна. Не им се веруваше колку пченка и колку сорти произведуваме, а тие мака мачат за да набават пченка за својот ресторан. Повеќе време минаа во штала отколку во прошетка. Им се допаѓа животот на село со сите обврски кои српскиот селанец ги има и верувајте дека тоа ќе биде дел од туристичката понуда бидејќи тоа гостите кои доаѓаат на село тоа го бараат“, додава Милош.
Гостите сè почесто се одлучуваат одморот на село да го минат работно, она што на нас ни е работа, изгледа дека тие го доживуваат како разонода. Ние често се шегуваме дека тоа е селска теретана. Минатата година немаше гостин кој не бараше да меле пченка, а жените повеќе време беа во кујна варејќи сарми и слатко, отколку што шетаа“, вели Милош.
Покрај домашната храна, тоа што семејството Павловиќ ги издвојува како домаќини се сместувачките капацитети прилагодени на потребите на секој гостин. Моменталните сместувачки капацитети се за дваесетина гости, имаме три апартмани и три посебни колиби. Во тек е изработка и на нови две колиби па се надевам дека до летната сезона сè комплетно ќе биде завршено. Секој апартман поседува посебна бања, ТВ, лаптоп и интернет. Етно домаќинството има можност на организирање на помали прослави, крштевки, родендени, венчавки, до 70 гости. Возењето со квадови за разгледување на околните пештери во соседното село Рти секако е доживување за паметење, а во самиот центар на селото се наоѓа и лековита минерална вода.
Во етно домаќинството Павловиќ имате можност да го пробате прочуениот драгачевски појадок. Како што вели домаќинката Дана, тоа се неодминливи јадења на трпезата на кои ни домашните ни странските гости не се рамнодушни.
„Сирењето и кајмакот со нашата пршута се задолжителни на трпезата. Солената зимница како ајварот, како и сезонските салати секогаш се присутни, а и питата, која исклучително се прави од домашни кори, домашни јајца, сирење и кајмак. Уштипци, проја и качамак, сè она што претставува традиција на нашиот крај и што е врзано за нашиот крај. Месото сами го произведуваме така што секогаш го има во сите форми. Тоа се џемови од нашето овошје, сокови и ракија која овде ја произведуваме за наши потреби. Драгачевскиот појадок го сакаат и домашните и странските гости и никогаш не се побуниле, навистина сите се воодушевени, иако на Русите задолжително мора да биде компир на маса, во која било форма“, вели Дана Павловиќ.
Последната година, среде пандемијата на ковидот, селата заживеаја. Стравот од егзистенција или изолација многумина ги натера да ги изораат своите ниви и да посеат за свои потреби некои од градинарските култури.
Драгачевскиот крај има огромни потенцијали за развој на селскиот туризам. Потребата на нашите граѓани ја препознавме и забрзано се работи на асфалтирање на селските патни правци бидејќи тие се патен нерв на секој крај. Во план е асфалтирање на десет километри нови патишта. Поддршката на оние кои се одлучни во намерата да се занимаваат со селски туризам нема да изостане ни од страна на општината Лучани, вели заменик претседателот на општината Милош Јовичиќ.