Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на СУБВЕНЦИИ за земјоделски стопанства кои одгледуваат ГОВЕДА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на СУБВЕНЦИИ за земјоделски стопанства кои одгледуваат ГОВЕДА
Субвенции

Висина на СУБВЕНЦИИ за земјоделски стопанства кои одгледуваат ГОВЕДА

Објавено 09/02/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година.

Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 18 месеци

Подмерка 2.1 -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.3. од оваа уредба или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.4. од оваа уредба;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна;

-Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа: од 1 грло до 100 грла 100%, од 101 грла до 150 грла 70%, од 151 грла до 300 грла 40% и над 301 грла 20% и

-Висината на директните плаќања изнесува 8.000 ден по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 18 месеци

Подмерка 2.2 – Директни плаќања за обележани женски грла говед на возраст од 6- 18 месеци.

Висина на субвенции за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци во 2025 година Подмерка 2.2 -Корисници на овааподмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и

-Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое на денот на поднесување на барањето е на возраст од 6 до 18 месеци и истото ќе го чува најмалку до 30 ноември 2025 година.

Подмерка 2.4 – Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет во 2025 година

– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во регистриран кланичен капацитет запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2024 година до април 2025 година и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето пред денот на предавањето во кланичен капацитети;

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 24 месеци, да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин, а за сите останати раси или мешавини од различни раси да имаат минимална тежина од 250 килограми и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет и

-Висината на директните плаќања изнесува 6.000 денари по продадено или заклано грло говедо за следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво и лимузин, а 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси. Крајниот рок за поднесување на барање за 2.4 – Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет до 31 мај 2025 година.

Подмерка 2.5 – Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О во 2025 година

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и

-Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое на денот на поднесување на барањето е на возраст од 6 до 18 месеци и истото ќе го чува најмалку до 30 ноември 2025 година. Крајниот рок за поднесување на барање за 2.5- Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О е до 31 мај 2025 година.

Извор: Службен весник број 26 од 6.02.2025 година

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:грла добитокмесосубвенции
Претходен напис Висина на субвенции во ОВОШТАРСТВОТО за 2025 година
Следен напис Висина на СУБВЕНЦИИ за кравјо, овчо и козјо МЛЕКО за 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?