Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година
1.10 – Директни плаќања за купени и посадени лозови или овошни садници од домашно производство за подигање нови насади или реконструкција на постоечки
-Корисници на оваа подмерка 1.10 се земјоделски стопанства кои имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство набавени од правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал регистрирани согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија за подигање на нови насади или реконструкција на постоечки;
– Висината на поддршката изнесува 35 денари за купен и посаден лозов садник и 40 денари за купен и посаден овошен садник во период од 1 ноември 2024 година до 31 март 2025 година;
– Минимално прифатлива посадена површина изнесува 0,2 ха;
-Прифатлив број на купени и посадени овошни садници по хектаризнесува најмалку 300 садници по хектар, а најмногу 1.500 овошни садници по хектар;
– Прифатлив број на купени и посадени лозови садници по хектар изнесува најмалку 1.389 саднци по хектар, а најмногу 4.000 садници по хектар и
– Максималниот износ на поддршка по корисник за оваа подмерка изнесува 240.000 денари. Крајниот рок за поднесување на барање Директни плаќања за купени и посадени лозови или овошни садници од домашно производство за подигање нови насади или реконструкција на постоечки е 31 мај 2025 година.