Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вински туризам – за оние кои сè уште не го знаат доволно вкусот на виното
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Вински туризам – за оние кои сè уште не го знаат доволно вкусот на виното
Магазин

Вински туризам – за оние кои сè уште не го знаат доволно вкусот на виното

Објавено 16/04/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се посети Тиквешијата, а да не се прошетаат големите плантажи со лозја и непцата да не го почувствуваат слаткиот вкус на виното, речиси и да е невозможно. Убавината во дегустација на врвните вина и квалитетната понуда, тиквешките винарии одамна ја препознаа како посебна понуда која е токму за посетителите на овој регион.

Главна земјоделска дејност во Тиквешијата се лозарството и винарството, па затоа и логичен е и развојот на винскиот туризам за што сведочат и големиот број помали винарии кои се отвораат во овој регион. Винскиот туризам со текот на времето зазема сè позначајно место во туристичките понуди на земјите познати по производството на вино. Организирани посети на лозови насади имало од времето на Grand tour патувањата, а имало најверојатно вакви патувања од времето на античка Грција и Рим. Дури од средината на 19 век виното се јавува како одличен туристички мотиваторкога учесниците на Grand tour на трасата на своите патувања ги посетиле лозјата и дегустирале вино. Во модерно време винските патишта се појавиле во Германската туристичка индустрија од дваесеттите години на 19 век и од тогаш почнуваат да се развиваат и во останатите делови на Европскиот континент.

Винскиот туризам денеска претставува посета на лозови плантажи, винарии, фестивали на виното, манифестации и настани каде дегустирањето на вино и авантурите поврзани со ова се главни мотивирачки фактори. Ваквиот туризам кој опфаќа кратки паузи, одмор или пак излет, е многу важен за самите винари и винарии бидејќи тоа е еден од начините директно да ги промовираат и продадат своите производи.

Од развојот на винскиот туризам според експертите корист може да има винската индустрија: се зголемува продажбата на производите, се едуцираат посетителите на винските подруми, се привлекуваат нови пазари, се остварува профит од продажбата за самата винарија, се отвора можност за нови деловни соработки како и можност за креирање на нови производи. Самата дестинација стекнува позитивен имиџ, се зголемува бројот на туристите и се привлекуваат нови и редовни туристи, а за локалната заедница се привлекуваат нови инвестиции, се развиваат нови услужни и забавни содржини и се создава препознатлив имиџ на регионот.

Тиквешкиот регион има идеални услови за развој на ваквиот вид на туризам бидејќи вината произведени овде се со специфичен вкус и со врвен квалитет, доста барани од добрите познавачи на виното.

Малите винарии често се здружуваат и на тој начин се обидуваат своите производи да ги доближат до пазарот. Десет мали семејни винарии од Кавадарци пред точно една година добија решение со кое се запишаа во регистарот на производители на вино во земјава, при што своето производство ќе можат легално да го продаваат освен во трговската мрежа исто и во угостителските објекти.

Во здружението „Тиквешки семејни винарии“ членуваат над дваесет семејни винарии, кои веќе го докажаа квалитетот на своето работење.

Блаже Стојановски, 34-годишен дипломиран енолог од кавадаречкото село Ваташа е сопственик на малата семејна винарија „Параџик“. Лани на саемот на вино во Белград во категоријата на индивидуални производители на вино, тој освои златен медал за виното вранец од 0,75 л во конкуренција од 1300 излагачи од 14 земји. Вели дека работата тргнала многу добро но ситуацијата со ковид пандемијата го направила своето.

„Она што ни е потребно сега е поголема промоција, засега тоа го правиме преку социјалните мрежи, правиме напори за добра презентација на нашето вино, култура и традиција. Продавам исклучиво од дома, пред тоа работата ни тргна одлично со продажба во угостителските објекти, најмногу ни го бараат белото вино овој период и тоа смедеревка и совињон бланк, црвеното вино, најмногу вранецот, повеќе го бараа зимскиот период. Произведувам околу 5- 6000 л годишно и сум задоволен“, вели овој млад винар.

Вели дека имало интерес од домашните тур оператори за вклучување во своите понуди и винскиот туризам со вински тури низ малите семејни винарии во Тиквешијата. Има во план веќе од лето да ги отвори вратите за гости, каде што ќе биде опфатена дегустација на неговите вина со закуска како и презентација на начинот на производство на вино, како и истакнување на другите знаменитости во регионот.

„Моментално работиме на средување на просторот за дочек на винските туристи затоа што имаме најава како за домашни, така и за странски туристи. Сè мора да биде во знакот на виното и винската приказна, имаме многу што да им покажеме на нашите туристи а секој посетител ќе има можност да ужива кај нас“, смета сопственикот на винаријата „Параџик“.

Сопственикот на винаријата „Бади“, Блаже Бади Миневски вели дека со оглед на ковид-пандемијата, која трае повеќе од една година, ХоРеКа индустријата кога работи, кога не работи, целата продажба и промоција се сведува преку рекламирање и комуникација на социјалните мрежи – Фејсбук и Инстаграм, а продажбата ја реализираат преку испорака по карго пошта.

„Во поглед на државната помош, во тек е реализација на мерката 113 од АФПЗРР – Поддршка за млад земјоделец, во висина до 20.000 евра, а во најава е и мерката за старт ап – нови винарии, до 10.000 евра, преку секторот за рурален развој на МЗШВ. Откако се соочивме со ковид-пандемијата, продажбата е значително намалена, продажбата преку дегустации и посети во винаријата се сведени на минимум, а за конкретни мерки за помош или поддршка – бидејќи ние сме физички лица – производители на вино, запишани како регистрирани земјоделци или семејни земјоделски стопанства, досега немам информации за некаква помош или мерки по ковид-пандемијата, вели Миневски за Агротим.

No description available.

Инаку одличната поставеност и близина до автопатот остава простор за посета на регионот од бројни туристи, дали се регионални или само на поминување кои сакаат директно да се запознаат со културата на виното и винската традиција.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е vinarija-2-1200x1200.jpg

Неодамна британскиот веб сајт lastminute.com направи Wine Travel Index – Tоп листа на туристички дестинации кои се рангирани според вински туризам, а наменета за сите љубители на винската капка. Овде на оваа листа нашата земја се најде на 19-то место меѓу 30 рангирани држави.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бадипараџик
Претходен напис ДИЗ: Откупната цена на зелката е 20 денари за килограм
Следен напис Претпладне сончево, попладне зголемување на облачноста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?