Претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми.
Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. На планините во западните делови ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне во јужните делови ќе се промени во источен и југоисточен. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

