Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вински музеј Кавадарци го најави ликовниот перформанс „Тиквешко сонце”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Вински музеј Кавадарци го најави ликовниот перформанс „Тиквешко сонце”
Магазин

Вински музеј Кавадарци го најави ликовниот перформанс „Тиквешко сонце”

Објавено 31/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Вински музеј Кавадарци денеска беше најавен ликовниот перформанс „Тиквешко сонце”, целодневен настан што музејот на 7 септември ќе го организира заедно со Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК), во рамките на годинешната манифестација „Тиквешки гроздобер”.
Соња Самарџиева Поп Ицов, претседател на ДЛУК, информираше дека десет ликовни уметници од Кавадарци ќе творат во прекрасниот амбиент на дворот на музејот, на тема тиквешки гроздобер, како дел од традицијата во овој крај.

-Виното претставува нераскинлив сегмент од животот на Македонците коишто ја негувале оваа култура, а богот на виното, Дионис, бил едно од најславените божества во античката митологија. Тиквешкиот регион бил колевка на лозарството и винарството, а уметниците знаеле да ја пренесат оваа традиција низ слика. Ние како друштво постоиме 40 години и првенствено имаме цел да го промовираме културното богатство во нашата заедница, преку одржување вакви културни настани. Уметниците ќе ги изработуваат сликите во текот на денот и посетителите ќе имаат можност да го следат овој креативен процес од бело платно, до готова слика, рече Самарџиева Поп Ицов.
Директорката на музејот, Весела Честоева, соопшти дека во рамките на овој проект ќе се одржи и презентација на вина од тиквешкиот крај.

-Тоа е исто така можност за ширење на нашата винска култура, за промоција на лозаровинарството што е од огромно значење за тиквешкиот регион но и пошироко. Овој настан е важен и за дополнителен развој на туризмот. Проектот е финансиран од кавадаречката локална самоуправа, како дел од проектите за финансирање на невладини организации и здруженија на граѓани, рече Честоева.

По завршувањерто на ликовниот перформанс, вечерта ќе се одржи изложба при Домот на културата „Иван Мазов Климе”, ќе бидат презентирани изработените ликовни дела и ќе може да се дегустираат вина од тиквешкиот крај.
Честоева нагласи дека со овој настан ќе се одбележат денот на градот, како и две години постоење на музејот.
-Дури и во услови на пандемија од коронавирус, музејот имаше гости, со почитување на превентивни мерки. За две години, музејската поставка ја имаат посетено над шест илјади посетители. Беа реализирани над 40 настани со што ја потврдивме тезата дека овој музеј ги исполнува очекувањата на сите чинители во општеството. Музејот беше домаќин на гости од Бугарија, Србија, Данска, Полска, Холандија, Словенија, Хрватска, Италија. Имаше многу дегустации во соработка со винарските визби, промоции, изложби, вински фестивал, вински базар, концерти, хуманитарни настани, еколошки акции и многу други активности. Промоцијата на културното наследство е наш приоритет и затоа се обврзуваме дека нашата успешна приказана продолжува, рече Честоева.

На ликовниот перформанс ќе учествуваат уметниците Соња Самарџиева Поп Ицов, Димитар Самарџиев, Лазар Дојчинов, Симона Манчева, Владимир Темков, Ванчо Кеков, Горан Боев, Ива Јосифова, Ќиро Јосифов и Трајче Јованов.
Веќе е изработена реплика на „Бахус“ од Караваџо од Соња Самарџиева Поп Ицов, ќе биде подарена за општинската галерија, како дел од овој настан.
МИА

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:Вински музеј Кавадарцитиквешко сонце
Претходен напис Сушата ја намали жетвата и извозот на житарки од Европа
Следен напис Раните сорти јаболка од соседна Србија веќе „заминуваат“ во Британија, Емиратите и Русија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?