Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раните сорти јаболка од соседна Србија веќе „заминуваат“ во Британија, Емиратите и Русија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раните сорти јаболка од соседна Србија веќе „заминуваат“ во Британија, Емиратите и Русија
Агровести

Раните сорти јаболка од соседна Србија веќе „заминуваат“ во Британија, Емиратите и Русија

Објавено 31/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овоштарите во Србија речиси ја завршија бербата на раните сорти „гала“ јаболка и годинашните плодови веќе почнаа да излегуваат на странските пазари.

„Годинава ќе имаме околу 450.000 тони јаболка, што е за приближно 15 отсто помалку од лани“, изјави експертот за овошје проф. д-р Зоран Кесеровиќ пред почетокот на овогодинешната берба.

„Минатата година јаболка имаше околу 513.000 тони, а годинава на пониските приноси повеќе влијаеше пролетниот мраз отколку високите дневни температури и сушата. Мразот најмногу им наштети на сортите Ајдаред, Црвен Делишес и Грени Смит.“, рече проф. д-р Кесеровиќ.

„Со пласманот на раните сорти „гала“, овоштарите се задоволни бидејќи речиси целиот род е продаден во Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Русија. Со Гала е направена добра извозна зделка, но тоа е само една сорта на јаболка, а потоа следува берба на други сорти и склучување договори за нови извозни аранжмани, па останува да почекаме и да видиме со што ќе се соочат овоштарите на патот. Искуството од минатата година покажува дека овоштарите кои навреме ги продале јаболката, до крајот на мај, поминале подобро од оние кои ја чувале реколтата за летните месеци. На крајот немаа купувачи, па беа принудени да продаваат јаболка за преработка, каде што цената е пониска, а со тоа останаа без профит“, вели Андреј Станаревиќ од компанијата „Полино аграр“.

Тој нагласува дека ќе има и други потешкотии во пласманот на јаболката.

-Оваа година ќе имаме помалку јаболка од минатата, но повеќе ќе има во Полска, која е најголем производител на ова овошје во ЕУ, потоа и во Италија и Франција, така што тоа ќе влијае и на пласманот на оваа домашна култура на странските пазари – рече тој.

Според професорот Кесеровиќ, килограм „гала“ јаболка на големо кога се извезува чини од 70 до 80 евроценти, а на домашниот пазар цената се движи од 40 до 50 динари.

„Поради високите трошоци за транспорт, најважно е домашните јаболка „гала“, како и другите сорти на јаболка да имаат купувачи на странските пазари и да се барани надвор од нашата држава. Енергијата значително поскапе и на овоштарите им е подеднакво тешко да ја усогласат големопродажната цена на јаболката со транспортот и да ги платат зголемените трошоци за чување на јаболката во ладилници.“, рече проф. д-р Кесеровиќ, пренесува српски Дневник.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:галајаболка
Претходен напис Вински музеј Кавадарци го најави ликовниот перформанс „Тиквешко сонце”
Следен напис МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?