Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винаријата „Сковин група” ја почна првата берба за 2020 година со грозјето „Шардоне”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винаријата „Сковин група” ја почна првата берба за 2020 година со грозјето „Шардоне”
АгровестиРастително производство

Винаријата „Сковин група” ја почна првата берба за 2020 година со грозјето „Шардоне”

Последна измена: 04/09/2020 13:00
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Винаријата „Сковин Група”, најновата странска инвестиција во винската индустрија во нашата држава, ја започна првата берба за 2020 година со грозјето „Шардоне” од лозовите насади во близина на Марков Манастир.

– Оваа винарија располага со 600 хектари лозови насади, а оваа година ја почнуваме бербата со грозјето Шардоне од кое очекуваме доста квалитетно вино. Оваа година беше напорна и многу тешка за сите во винската индустрија, но почетокот на оваа берба која очекуваме да биде исклучително квалитетна, дава надеж за продолжување на приказната за вековната традиција на производство на вино од нашето скопско виногорје. Сигурни сме дека оваа берба ќе биде плодна и нашата визба ќе продолжи со производство на високо квалитетно македонско вино со препознатливиот Сковин бренд во ново руво, истакнаа од „Сковин Група”.

Традицијата на винаријата „Сковин Група” датира од 1979 година и е првенец во производство на домашно вино од скопскиот вински регион. Денес располага со капацитет од 17 литри вино што се пласира на домашниот и неколку интернационални пазари.

Со новата берба и новите стратешки насоки на винаријата, очекувањата се да се продолжи пласманот на вината во регионот, на пазарот во Европската Унија како и на сите интернационални пазари, вклучувајќи најнови лансирања на вина во Азија.

МИА

Може да ви се допадне

Акумулацијата „Стрежево“ подготвена за летната сезона, во тек акција за бесплатно вклучување во системот
Поради пожарот во Вардариште без струја 47 000 корисници во Скопје
Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови
Денес во просториите на МЗШВ се одржа јавна расправа за Предлог-законот за земјоделство и рурален развој
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
Таг:берба на грозјевинаријалозови насадиСковин ГрупаШардоне
Претходен напис Започна најголемиот и најслаткиот до сега Штрудла фест – ќе трае 10 дена
Следен напис (ФОТО)Пазарен ден во Битола – вистинско изобилство од зеленчук и овошје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?