Штрудла фестот со право ја носи титулата за најсладок фестивал, но се станува уште послатко кога ќе се каже дека оваа година ќе трае дури десет дена, посочуваат организаторите.
Имено, станува збор за фестивал кој започнува денес (4 септември), со отворање на изложбата „Кулинарство и етнографија“ а веќе утре започнува вистинскиот Штрудла фест, надополнет со богата програма која ќе ги развесели посетителите. Фестивалот се одржува во Озаљ и во целиот карловачки регион ,а селото Јашково каде што се случуваат дел од настаните уште е наречено и село на штрудлата
Како што велат организаторите, во „Неделата на штрудлата“ учествуваат дури 28 ресторани кои подготвуваат храна со десетици интересни вкусови по промотивни цени.
Во слатката манифестација се вклучени и голем број на музеи. Така во музејот Озаљ сите десет дена од манифестацијата, со купена влезница секој посетител добива гратис штрудла. Истата акција ги очекува посетителите на стариот град Дубровец на 5 и 6 септември а во сабота на 5-ти септември и посетителите на Градскиот музеј Карловац и Барачеви стени во Раковица. Акватика за сабота на 12 септември подготвува интересна работилница за изработка на уникатни сувенири за лицитација во форма на риба и срце. Во карловачко во сабота на 12 септември, ресторанот Ловачки рог ќе ја покаже тајната на изработка на својата штрудла.
Озаљ секако ќе биде центар на културните случувања. Освен изложбата која ќе биде поставена во Етно паркот, посетителите ќе добијат гратис од овој фин колач. Во сабота на 12 септември во Етно паркот ќе се зборува повеќе за кулинарството во средниот век и тоа на една интересна гастро работилница.
Организаторите посочуваат дека се се спроведува со почитување на епидемиолошките мерки .
Извор: Agroclub