За времето на овој викенд, и понатаму ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, подолги во претпладневните часови.
Од пладневните часови па натаму ќе има повремен локален дожд, ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот, денес ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени Целзиусови, и од 15 до 23 степени Целзиусови во текот на утрешниот ден.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во текот на претпладневните часови. Од пладневните часови па натаму ќе има услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура се очекува,денес да се искачи до околу 21 степен Целзиусов, и до околу 20 степени Целзиусови во текот на утрешниот ден.
Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Локално ќе има услови за поретка појава на грмежи. Што се однесува до температурите, иситите и понатаму ќе се задржат под просекот за овој дел од годината.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски
