Дека предностите на хидропонскиот систем во одгледувањето на јагоди се препознаваат во Србија, покажува производството на овој овошен вид во семејството на Никола Стојановиќ од Велика Крсна, кој се одлучи за овој начин на одгледување јагоди и тоа подигнати на одредена висина над земјата, пред помалку од две години.
Никола го запознал земјоделството уште во детството, неговото семејство долго се занимава со земјоделство, а тој започнал да се занимава со одгледувањето овошје во септември 2018 година. На прашањето зошто јагоди и зошто хидропонско одгледување, Никола вели дека јагодите се соодветни за тоа, затоа што можат да продолжат да се одгледуваат без пречки, а дека одгледувањето на одредена висина овозможува повеќе предности во однос на јагодите засадени во земјата.

„Бербатата се одвива во рок од еден месец кога немаме многу работа околу земјоделството. Сакавме да додадеме нешто ново, патуваме многу и честопати имав можност да видам различни земјоделски производства во странство, затоа сакав советите од тие производители да ги применам во моето производство. Според хидропоонскиот систем одгледувањето на јагодите функционира најдобро “, забележа Никола.
Ваквиот начин на одгледување се исплатува за две до пет години
Сите јагоди се наоѓаат на висина од еден метар, а во производството на Никола има простор за околу 16.000 садници. Тој во моментов одгледува 14.000 . Сите садници се од Италија, а тој ги купува од препродавач во Србија. Иако првичната инвестиција, е голема, таков систем на производство може да се исплати за две до пет години, вели тој. Засега, Никола е задоволен.
„Овој вид на одгледување е добар затоа што заштедува многу труд, и средства за прихранување. Ако за јагодите кои се одгледуваат на земја, треба десет луѓе да го соберат овошјето, само двајца се доволни за истата работа, ако јагодите се одгледуваат на ваков начин. Кога врне дожд, јагодите се заштитени и откако ќе престане дождот може веднаш да се соберат затоа што се чисти, а не калливи, нема гниење и нема потреба да се прскаат. Може да се јадат дирекно од овоштарник“
Плодовите се заштитени од разни штетници
Исхраната е контролирана, а растението го добива токму тоа што му треба. За да ја направи таа проценка уште попрецизна, Никола планира да инсталира компјутер кој ќе ј контролира колку храна му треба на секое растение. Хидропонското одгледување исто така ги штити јагодите од разни штетници.
„Оние кои имаат јагоди насадени на земја, исто така, имаа проблеми со штетниците кои го уништуваат овошјето. Кај нас, овошјето е максимално заштитено од тоа”, уверува тој.
Родот ќе има добар квалитет, само додека има вода
Тој посочува дека е многу задоволен од квалитетот, но неопходно е јагодите секогаш да имаат доволно вода.

„Квалитетот е одличен, само кога има вода. Имавме мал проблем со наводнувањето, затоа што водата во бунарот исчезна. Јагодите веднаш го почувствува тоа и потоа мораше постојано да се наводнуваат. Се подготвуваме за следната година за да немаме такви проблеми.” Никола сè уште не може да зборува за овогодинешниот род бидејќи сезоната сè уште трае.
„Не знам како ќе биде оваа година, но минатата година имав 500 грама јагоди од корен. Секако тоа зависи и од сортата, некои даваат 500 грама, некои пак дури и килограм “, вели Никола.
Моментално е фокусирана на продажбата, маркетингот и ладилниците
Меѓу неговите 14.000 садници, има шест видови јагоди, но алба и алприка се покажаа како најдобри.”Тие полесно се берат, плодовите на овие две сорти се поголеми. „Тие се најбрзи за берење, ито така и најдобро ми изгледаат. Некои сорти кај мене се многу благи, додека кога се одгледуваат на земја, не се такви.“-вели Никола.
Јагодите од неговиот имот одат за продажба во еден поголем маркет во Аранѓеловац, а исто така им ги продава и на ладилниците. До сега не излегол да продава на пазар, но претставувањето на Инстаграм и Фејсбук предизвика голем интерес.
Никола исто така додава дека кризата со корона вирусот, кога станува збор за одгледувањето јагоди,не ја почувствувал многу затоа што продажбата започнала по завршувањето на вонредната состојба.
Исто така, невремето проследено со пороен дожд и град, кои неодамна погодија поголем дел од Србија и уништија голем број земјоделски култури, не го наруши неговото производство токму заради тоа што неговите јагоди се подигнати од земјата и заштитени со хидропонскиот систем.
Извор :Агроклуб
