Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Николовски: Преку нови четири огласи на раполагање ставаме дополнителни 4.294 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО)Николовски: Преку нови четири огласи на раполагање ставаме дополнителни 4.294 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади 
Агровести

(ВИДЕО)Николовски: Преку нови четири огласи на раполагање ставаме дополнителни 4.294 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади 

Објавено 17/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На својата редовна 45-та седница Владата на Република Северна Македонија по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за распишување на четири јавни огласи за ставање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари.

Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оренжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на замјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.

“Не оставаме ниту една педа земјоделско земјиште не обработена. Распишуваме нови четири јавни огласи преку и на располагање ставаме 4.294 хектари државно земјоделско земјиште до 3 хектари, за подигнување на долгогодишни насади, распределени во 31 регион низ државата. Подготвуваме и два нови јавни огласи, што ќе следат во месец мај, за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Едниот јавен оглас со намена за одгледување на сточна храна, а вториот јавен оглас за сите намени согласно Законот за земјоделско земјиште“ изјави министерот Николовски.

Наша цел, како министерство, е зголемено домашно производство. Заврши постапката за аплицирање на јавниот оглас со кој на располагање ставивме дополнителни 5.722 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, за обработка пред се на стратешки житни култури, распределени во 14 региони низ државата. За овој јавен оглас интересот на земјоделците беше голем. Пристигнати се рекордни 235 апликации, што претставува до сега најголем број поднесени апликации на оглас за закуп на земјоделско земјиште.

“Оваа бројка ме прави среќен, затоа што успеавме во нашата цел поставена во Националниот план за производство на храна кој го донесовме. Големиот интерес значи зголемено домашно производство на стратешки култури, значи и намалена увозна зависност на државата. Среќен сум што преку директните контакти со земјоделците кои целиот овој месец ги имаме, успаевме да ги информираме и мотивираме максимално да ги искористат мерките кои им се нудат“ изјави министерот Николовски.

Министерот Љупчо Николовски заедно со тимот од министерството секојдневно ги продолжуваат теренските средби, слушајќи ги земјоделците креирајќи заедно мерки за поддршка на секој земјоделец.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Претходен напис Отворен Балкан добива засилување, Маричиќ ќе обезбедува институционална поддршка, Забрчанец продолжува да координира
Следен напис Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?