Некои краставици можат да добијат горчлив вкус ако растат во неповолни услови. Краставицата е зеленчук кој содржи 96 % вода. Затоа водата има голема важност при нивното одгледување.
Ако нема доволно вода за наводнување во сушните периоди тоа може да влијае врз вкусот на краставиците и тие можат да станат горчливи. Но исто така неповолно влијае ако временските услови се ладни со многу влага и ако нема доволно сонце.
Многу е важно да се знае кога е вистинското време за берба на краставиците, бидејќи ако помине оптималното време за берба, краставиците исто така може да бидат горчливи.
Добрите познавачи тврдат дека ако покрај краставиците се посади сончоглед ќе се избегне нивниот горчлив вкус, бидејќи сончогледот ја извлекува горчливоста од почвата.
Постојат и некои хибридни сорти на краставици кои никогаш немаат горчлив вкус затоа одгледувачите треба да ја проверат и сортата пред да започнат со одгледување на краставици.
При наводнувањето треба да се внимава водата да не биде многу ладна. Најдобро е краставиците да се полеваат со вода која има собна температура.
Совети за потрошувачите:
Луѓето најчесто сакаат да ги јадат краставиците во салата , па така ако краставицата е горчлива ќе се уништи вкусот на салатата.
Ако купите горчливи краставици тогаш исечете го нејзиниот врв како капа и протријте ја карставицата со исечениот дел се додека не пушти бела пена. Во оваа пена се наоѓа горчливата материја. Потоа добо измијте ја краставицата и слободно можете да ја консумирате.
Извор – https://www.lekovitebiljke.com/
