Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска: Натпросечната жетва и повисоката цена се добра основа за зголемување на површините под сончоглед?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хрватска: Натпросечната жетва и повисоката цена се добра основа за зголемување на површините под сончоглед?
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Хрватска: Натпросечната жетва и повисоката цена се добра основа за зголемување на површините под сончоглед?

Објавено 30/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дека ова е многу добра година, па дури и одлична за производителите на сончоглед во Хрватска, освен во областа Барања, каде приносот на сончоглед беше помал поради изразената суша, покрај самите производители, потврди и претседателот на управата на „Фабриката за масло Чепин“, Јосип Бичвиќ. Во просек, приносот по хектар е 3,5 тони односно подобар отколку во последните 5 години, а и откупната цена се зголеми за речиси 25%. Поточно, вели тој, изнесува 2,25 – 2,30 куни. (18,8 денари)

-„Главна причина за повисоката цена е лошата жетва во опкружувањето, првенствено во црноморските земји (Бугарија, Романија, Молдавија…) Растеа и цените на маслото и можевме да понудиме повисока откупна цена и за суровината“, објасни Јосип за ТВ Осијек.

Во фабриката која од 2014 година делува во склоп на „Жито ДОО“ се надеваат дека оваа 2020 би можела да биде добра подлога за зголемување на површините под сончоглед. Значаен пад на површините под сончоглед беше забележан во претходните години, денес тие изнесуваат некаде околу 38.000 хектари, а се надеваат дека во наредните години може да се зголеми на 40.000 па и 45.000 хектари под сончоглед.

Откупиле 70.000 тони сончоглед

-„Како преработувачи, подготвени сме да го откупиме целиот сончоглед кој ќе ни се понуди. Имаме капацитет за откуп, сместување и преработка и се надеваме дека вака добрата година ќе го зголеми интересот кај производителите“, нагласи Бичвиќ.

Добри резултати имало и кај сојата, иако на почетокот постоеле одредени сомневања поради сушниот период. Исто и кај неа бил забележан принос нешто над просекот, а се зголеми и откупната цена .

-„Верувам дека имаме задоволни производители“, вели Бичвиќ додавајќи дека преработувачкиот капацитет им е 150.000 тони. Имено, покрај сончоглед и маслодајна репка, фабриката преработува и соја.

Оваа година откупиле околу 70.000 тони сончоглед, што е помеѓу 65 и 70% од вкупното хрватско производство.

Во план e и производство на маргарин, мајонез…

-„Пласманот на масло оди многу добро, цените пораснаа, пропорционално со цената на суровините. Го следат трендот на пораст и очекуваме една успешна и позитивна година“, заклучува првиот човек на „Фабриката за масло Чепин“.

Како што дополнително открива, од 2014 во модернизација на оваа фабрика е вложено 23 милиони евра, а изградена е нова котларница. Но, вложувањето не е завршено. Следната фаза на инвестиции за што аплицирале на ЕУ фондовите, е изградба на нова линија за полнење на масло со вреднсот од 3 милиони евра и поставување на соларни панели (2 милиони евра).

Постои и трет план: производство на маргарин и мајонез односно дополнителна програма за наредниот период, која планираат да ја спроведат следните 2-3 години.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„Фабриката за масло Чепин“повисока ценасончогледХрватска
Претходен напис Вакви земјоделци и требаат на државата: Благојче Паскоски од Крушеани годинава произведе 150 тона пиперки, пласман има, цена одлична
Следен напис Подготовка на земјоделските култури за пониски дневни температури во Пелагонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?