Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подготовка на земјоделските култури за пониски дневни температури во Пелагонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Подготовка на земјоделските култури за пониски дневни температури во Пелагонија
АгровестиСовети

Подготовка на земјоделските култури за пониски дневни температури во Пелагонија

Објавено 30/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија почнаа со подготовки за заштита на земјоделските култури во зимски услови и пониски дневни температури.
Агро-експертите информираат дека во втората половина на декември, дневните и ноќните температури најчесто имаат негативни вредности и овошните дрва преминуваат во зимски одмор, а најпосветените овоштари може да ги искористат зимските месеци за зимски заштитни активности.

-Зимските, а и сите останати третирања против болести и штетници, не би биле доволно ефикасни, доколку физички не се отстранат гнездата во кои презимуваат гасениците или јајцата на штетниците. Кога ќе дозволат временските услови, потребно е да се испрскаат овошките со 2 проценти раствор на бордовска чорба против габични болести и против антракноза и дидимела кај малините и рибизлите. Овошките кои се нападнати од грини, лисни и штитоносни вошки треба да се испрскаат со минерални масла во соодветна концентрација на растворот, а младите овошки да се заштитат од зајаци со соодветни репеленти, советуваат битолски агро-експерти.

Во текот на декември, активни ќе бидат и градинарите, посебно оние кои се занимаваат со производство на расад за раноградинарско производство.

-Како што е познато, во декември почнува наѓубрувањето на леите во оранжериите и во леите во кои се планира подоцна производство на одредени сорти градинарски култури, а може да се посадат зелена салата и лук.

Во деновите кои што се погодни за работа, потребно е да се подготви почвената смеса која што ќе се користи при пресадувањето. Градините треба да се исчистат од остатоците од претходните култури, посебно од кочаните од доцната зелка, каде што може да презимуваат штетниците.

Овој период е соодветен и за ѓубрење со суперфосфати или калиумови ѓубрива, зависно од потребите на почвата, нагласуваат искусните земјоделци градинари.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Земјоделски културизимапелагонијаподготовка
Претходен напис Хрватска: Натпросечната жетва и повисоката цена се добра основа за зголемување на површините под сончоглед?
Следен напис Триесетгодишна валавичарска традиција на Јасмина и Томе Јакимовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?