Невреме проследено со силен ветер, силен дожд и грмежи синоќа ја зафати Србија, поради што привремено беше затворен аеродромот „Никола Тесла“, делови од земјата беа без електрична енергија, а невремето предизвика штети на повеќе места.
Конвективната облачност што ја зафати Србија предизвикуваа пороен дожд со грмежи и засилен ветер.
Припадници на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија спасиле 15 лица. Десет лица, меѓу кои пет деца, спасиле пожарникарите од шумата во Беочин во населбата Дунав, а една жена е спасена од автомобил во Бегеч.
Во Нови Сад дрво паднало врз девојче кое било згрижено во Заводот за здравствена заштита на деца и младинци во Нови Сад.
Поради големо невреме, силниот дожд и бурниот ветер, во текот на вечерта на некои пруги во Србија дошло до проблем во снабдувањето со електрична енергија на контактната мрежа и паѓање дрвја на пругата, што предизвикало потешкотии во функционирањето на железничкиот сообраќај на некои делници.
Брзата помош од 19 часот имала повеќе од 30 интервенции.
Во текот на вчерашниот ден и Загреб беше зафатен од силно невреме. Во невремето загинал и пожарникар, двајца загинати има во Загреб, еден во Славонија, 100 се повредени, изјави Дамир Трут, директор на Дирекцијата за цивилна заштита за Дневник.хр.
Powerful storm in #Zagreb 19.07.2023. #Croatia pic.twitter.com/QPFTnUffWx
— 𝕕𝕖𝕘𝕖𝕟𝕖𝕣𝕚𝕔 (@d3generic) July 20, 2023