Земјоделските субвенции во Македонија се столб на аграрните политики повеќе од 17 години, со вкупна инвестиција од околу 1,5 милијарди евра. Сепак, и покрај оваа значајна инвестиција, земјата продолжува да се соочува со предизвици во земјоделскиот сектор, вклучително и намалување на домашното производство и зголемена зависност од увоз на храна.
Многу експерти велат дека актуелниот модел на субвенционирање не помага да има развоен ефект. Земјоделецот Нури Сулејмани кој обработува 500 ха земја го критикува скалестиот модел на субвенционирање затоа што професионалните земјоделци не добиваат иста висина на субвенции како помалите земјоделци, а трошоците за производство им се исти.
-Приближно ни 40% по хектар од висината на субвенциите не добиваме ние со поголеми површини за разлика од индивидуалните земјоделци, а сите трошоци ни се исти, за семе, ѓубрива, заштитни средства. Тие средства не се доволни ако сакаме да имаме поголемо производство затоа што сите репроматеријали се поскапени, а исто така и работната рака – изјави Сулејмани.
Целиот прилог на МТВ2 можете да го погледнете на страната на Само Прашај