Неколку минути по стапуавњето на сила на американските царини од 10 проценти на кинескиот увоз, Пекинг возврати со одмазнички контрамерки, без да го чека за неделава најавениот разговор со Трамп. Кина воведува царини од 15 проценти за американскот јаглен и течен природен гас, како и 10% за сирова нафта, земјоделска опрема и дел од автомобилите. Мерката ќе почна да се применува на 10 февруари, која веќе опфаќа и антимонополска истрага на „Гугл“.
-Би сакал да нагласам дека нема да има победник во трговската војна. Се надеваме дека САД ќе ги разгледаат сoпствените проблеми, ќе ги реши и ќе најде одговор. Toa e корисно не само за нив, туку и за целиот регион. , изјави Фу Конг, амбасадор на Кина во ОН.
Дека нема да има победник во трговската војна сметаат и дел од американските експерти, кои велат дека искуствата со Кина покажале дека американската економија била ранлива.
-Ние веќе имавме слична историја неодамна, со „одмазда“ од Кина, која резултираше во 2018 година. Ги споменавте бројките дека вкупната загуба на американското земјоделство од 27 милијарди долари. Ако можеме да учиме од историјата, можеме да очекуваме иста реакција. , вели за „ABC News“, Џош Гакл, економски аналитичар.
Добра вест синоќа сепак стигна за Канада и Мексико, откако по повеќечасовни разговори, Трамп се согласи да ги одложи царините од 25 % за нив во период од 30 дена. Дотогаш двете земји треба да го подобрат поведението, во однос на зајакнување на границите кон САД.
Светските берзи различно реагираа, азиските утрината пораснаа поради одложувањето на царините за Канада и Мексико, а европските тргнаа надоле по заканата од Кина. Развојот на настаните со внимание го следи и Брисел, откако Трамп се закани дека многу скоро ќе воведе царини и за ЕУ.