Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Снимен судир на Јупитер со карпесто тело
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Снимен судир на Јупитер со карпесто тело
Магазин

(ВИДЕО) Снимен судир на Јупитер со карпесто тело

Објавено 05/09/2023
Сподели
16 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Астрономи-аматери, користејќи телескопи поставени на Земјиното копно, забележале и снимиле удар на вселенска карпа во планетата Јупитер кон крајот од август.

Мрежата телескопи во Јапонија – пред сѐ составена од системите „ОАСЕС“ (Organized Autotelescopes for Serendipitous Event Survey) и „ПОНКОТС“ (Organized Autotelescopes for Serendipitous Event Survey), успешно го детектираа овој видлив судир. Според првичните наводи, овој краток миг е „уловен“ од аматер, а видеото е објавено и на „Х“-профилот „MASA Planetary Log“.

きのうのTLで知った木星の閃光、撮影したデータを確認してみたら写っていました。
…声が出ました(^^;
日本時間2023年8月29日1:45、世界時28日16:45です。https://t.co/UYhnvAmA63https://t.co/Y7nCHtJq4k pic.twitter.com/g0FerdyoVg

— MASA Planetary Log (@MASA_06R) August 29, 2023

Потоа се надоврзаа и други астрономи-аматери кои го забележале силниот блесок за којшто се верува дека бил предизвикан од мала комета или астероид.

За да се одреди големината и видот на ова тело, треба да се направат повеќе истражувања. Целта е да се утврди дали телото му припаѓало на нашиот Сончев Систем или не. 

Јупитер повремено е мета на комети и астероиди поради неговата величина и силната гравитација. Неговото гравитациско влијание се протега до астероидниот појас што се наоѓа меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Како последица на тоа, патеките на астероидите во појасот може да се променат, што ги насочува кон планетата и ја зголемува веројатноста за судир.

Некои научници сметаат дека токму големината на Јупитер ја штити Земјата од судири со залутани вселенски тела, што го овозможило и развојот на живот на нашата планета. Јупитер или „ги впива“ овие тела што се движат кон Сонцето, или ги одбива од Земјата. Инаку, овие тела би претставувале голема закана за Земјата и другите внатрешни планети.

Според истражувањата, гасниот џин трпи од 12 до 60 слични влијанија годишно. Сепак, снимањето на таквиот настан е релативно ретка појава.

Најпознатиот снимен судир се случил 1994 година кога делови од кометата Шумакер-Леви го погодиле Јупитер со сила еднаква на 300 милиони атомски бомби.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Јупитеркарпесто телосудир
Претходен напис Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени 
Следен напис Николовски: 30 милиони евра на располагање со првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?