Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени 
Агровести

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени 

Објавено 05/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Сојузот на здруженија на лозари бара поголема поддршка од државата, по пет денари за килограм гројзе. Вели дека винарските визби ги нудат ланските откупни цени, 16,5 денари за „вранец” и 14,50 денари за „смедеревка“. 

Според Сојузот, ако лозарите ги добиваат реалните производствени цени од винарите, нема ни да бараат државна поддршка.

-Винарите ни ги нудат ланските постигнати цени за грозјето, затоа бараме од државата поголема поддршка оваа година, по пет денари за килограм, а од следната, ќе инсистираме откупувачите повеќе да ни го ценат трудот и да платат повеќе, изјава за МИА претседателот на Сојузот, Јован Златевски.

Како што нагласи Златевски, поголема поддршка е неопходна за да се покријат производните трошоци и за лозарите да не бидат во „минус”.

– Овој гроздобер винарите ги откупуваат најзастапените црна и бела сорта грозје за 18,50 и 16,50 денари. Всушност, ова се ланските цени. Минатата година добивме по 16,50 денари за „вранец” и 14,50 за „смедеревка“ од откупувачите, а на овие цени, плус по два денара од килограм поддршка од државата. Годинава бараме поголема поддршка од државата, за да ги покриеме трошоците за производство и лозарите да не бидат во „минус” оваа производствена сезона. Да бидеме на чисто, ако ги добиваме реалните производствени цени од винарите, ние нема да бараме поддршка од државата, дециден е Златевски.  

Тој информира дека родот е намален поради болести, климатски промени и проблеми со наводнувањето како последица на дефект.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:винаритедржаваталозаритеоткупни цениподдршка
Претходен напис Јаневски добитник на признание од Македонско – хрватската тангента во Шибеник 
Следен напис (ВИДЕО) Снимен судир на Јупитер со карпесто тело
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?