Сопствениците на Пчеларникот ДУКОВИ кој што е лоциран во близина на браната Подлес, споделија видео од моменталната состојба со временските услови.
Зимата уште не заминала – Снег во април…
Што значи ваквата промена на климата за пчелите и пчеларството, совет побаравме од Тони Дуков – Пчеларник ДУКОВИ, село Подлес:

-Овој снег во април може да има големо влијание врз пчелните семејства, бидејќи доаѓа во период кога пчелите веќе започнале со активност после зимата. Во март и април пчелите излегуваат од зимскиот режим и започнуваат со интензивен лет и развој на леглото. Снегот и ниските температури, можат да доведат до термички шок кај пчелните семејства.

Враќање во состојба на клубе, можно угинување на легло ако не е добро покриено со пчели (доколку пчелното семејство е послабо).
Проблем со храна – Ако времето на студ се пролонгира, пчелите не можат да излегуваат по нектар и полен, се зголемува потрошувачката на мед во кошницата (заради леглото),
Прекинување на развојот – Април е клучен месец за развој на силни друштва. Студот и снегот можат да доведат до застој во развојот на леглото.

Што може да направи пчеларот?
Да ја провери резервата на мед и по потреба да интервенира. Да не се отвараат кошниците на студено, освен ако е итно – препорачува Дуков.