Екстремно високите температури, топлотните бранови, жешкиот ветер и недостигот на врнежи, кои предизвикуваат голема суша во Европа, но и во светот, ги поттикнаа свештениците во Романија својата служба во која повикуваат да врне дожд, да ја извршуваат на полето.
Првата ваква молитва ја предводел архиепископот Теодосије Петреску, поглаварот на Томишката архиепископијата, а тоа го објавија и на својот фејсбук-профил.
Минатата недела Романската православна црква побара од свештениците во своите места да вршат обреди, како во црквите, така и на полињата, во кои ќе се молат за толку потребните врнежи.
Многу верници при вакви неволи се вртеле кон Бога, па во христијанството постои „Молитва за дожд“ која по потреба се кажува на крајот од секоја дневна литургија, а во недела за време на молитвите на верниците.
Во исламот постои молитвата за дожд, „салат ал-истика“, кога верниците одат да се молат за да заврне дожд.
