Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување во Теарце, преку кој наводнуваме нови 300 хектари земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување во Теарце, преку кој наводнуваме нови 300 хектари земјоделско земјиште
Шумарство и водостопанство

Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување во Теарце, преку кој наводнуваме нови 300 хектари земјоделско земјиште

Објавено 20/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик амбасадорот на Европската Унија, Џулијан Васало и градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири денеска извршија увид во изградбата на системот за наводнување Теарце.

Николовски изрази благодарност до Европската Унија за поддршката во развојот на македонското земјоделство.

„Со поддршка од 2,3 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ градиме три системи за наводнување во Теарце, Пишица и Конопница.


Одлично напредува изградбата на системот за наводнување во Теарце преку кој наводнуваме нови 300 хектари земјоделско земјиште. Им помагаме на 120 земјоделци, овозможувајќи наводнување до 450 парцели каде се обработуваат различни куктури.

„Поддршката која од Европската Унија како држава, но и како министерство, ја добиваме е значајна во развојот на македонското земјоделство. Заедно со поддршрка на Европската Унија, преку ИПА фондовите, работиме и на други капитални проекти преку кои обезбедуваме наводнување на земјоделските површини. Во финална фаза е системот Славишко Поле, а интензивно рабоитме и на систмот Чаушица. Уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на Европската Унија чија вредност е 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за повеќе од 350 хектари земјоделско земјиште. Преку поддршка од ИПА фондовите обезбедени се и средства во вредност од 3,5 милиони евра за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци“, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реалиизира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години со кој се обезбедува наводнување за повеќе од 4000 хекатри земјоделско земјиште во гевгелиско поле.

Уште еден голем проект на кој МЗШВ работи е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар со кој се обезбедува наводнување за 5.300 хектари земјоделско земјиште.

Реализацијата на овие капитални проекти има за цел да овозможи достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, и најважно да го зголеми приносот и подобри квалитетот на земјоделските култури“, рече Николовски.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:теарце
Претходен напис (ВИДЕО) Романските свештеници излегоа на полињата – Се молат за дожд
Следен напис Видео приказна од прилепско Канатларци – Погледнете како неуморниот Али Керим на нивата со пиперки поставува систем за наводнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?