
Минатата недела на социјалните мрежи осамна вирално видео од овци во Кина како се движат во круг цели 12 дена.
Сопственикот на фармата тогаш изјави дека не може да разбере зошто ваквото однесување се развило кај овците, а откако оригиналното видео беше објавено од кинескиот државен канал „People’s Daily“, тој изјавил дека овците се здрави.
Набргу по објавувањето на видеото, беа развиени теории на заговор кои отидоа дотаму што зборуваа за знаци кои укажуваат на „крајот на светот“.
Според научниците, пак, објаснувањето за однесувањето на овците има сосема природни причини и секако не е поврзано со болеста листериоза која може да предизвика дезориентација кај животните, бидејќи сите животни погодени од неа умираат во рок од 48 часа.
„Изгледа дека овие овци биле чувани на едно место долго време и тоа можеби ги натерало да се однесуваат чудно, односно да се движат во круг поради стресот предизвикан од нивниот долг живот во заробеништво“, изјавил професорот Мет Бел од Универзитетот во Глостер.
Некои овци почнале да се вртат во круг, а другите се приклучиле бидејќи сакале да бидат со своите „пријатели“, додал британскиот професор.
Напишете коментар