Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одрони и влажни коловози во поширокиот Дебарски регион, се препорачува внимателно возење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Одрони и влажни коловози во поширокиот Дебарски регион, се препорачува внимателно возење
Агровест

Одрони и влажни коловози во поширокиот Дебарски регион, се препорачува внимателно возење

Објавено 22/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни последните денови на подрачјето на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци а планинските врвови денеска ги обелеа првиот снег. 

 Поради одроните но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта препорачуваат многу внимателно возење. 

 -Има појава на зачестени одрони од камен и земја. Нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување и сообраќајот се одвива  тековно. Поради тоа но и влажниот коловоз препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачува Деар Лиманоски, раководител на секцијата. 

Посочува дека од 5 месецов секцијата  работи со 24-часовно дежурство со комплетни екипи и потребната механизација и додава дека екипите се постојано на терен во расчистување на коловозите, со цел безбедно одвивање на сообраќајот. 

Вообичаено најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти, и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патниот правец Дебар – Маврово,како и  кај месноста „Три чешми“ на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа. 

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар –  Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица(патен правец Дебар – Струга),патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или  над 110 километри.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Сообраќајот се одвива непречено, наместа по влажни коловози
Таг:влажни коловозиодрони
Претходен напис Климе Попоски стана генерален директор на Винер – Виена иншуренс груп
Следен напис (ВИДЕО) Решена мистеријата за овците што се вртеа во круг цели 12 дена!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?