По зелената салата и зачинските билки, пченицата го освојува производството во затворен простор, барем така пишува на страниците на компанијата за вертикално земјоделство Infarm, која успеала да ја одгледува оваа житарка во затворена фарма без земја и хемиски пестициди. Во такви контролирани услови е остварена заштеда на вода, бидејќи било потребно многу помалку во споредба со одгледувањето на отворено.
Висок принос на житарки
По првата фаза на тестирање, се смета дека годишниот принос на 1 m² може да биде 11,7 kg, што е еквивалентно на 117 t/ha. Ова е 26 пати поголем принос отколку во случај на одгледување пченица на отворено поле.
Врз основа на досегашните резултати, се предвидува дека оваа технологија ќе стане главен столб на глобалното производство на храна.
„За да продолжиме да ја храниме растечката светска популација, мора да постигнеме повисоки приноси“, рече техничкиот директор и коосновач на компанијата, Гај Галонска. Тој додаде дека во експериментот докажале дека тоа е можно да се постигне за пченицата во контролирана средина. Во однос на просечниот принос на отворено поле кој е околу 4,5 t/ha на годишно ниво, поради влијанието на годишните времиња и временските услови, резултатите се повеќе од одлични.
Пресвртна точка за безбедноста на храната
Откритието би можело да го зголеми производството на оваа житарка за дополнителни 50 проценти со комбинирање на подобрена генетика и компјутерско прилагодување на важни параметри, бидејќи надворешните влијанија не делуваат на растенијата кои се целосно заштитени и се развиваат во оптимални услови без присуство на предизвикувачи на болести и штетни организми.
Бидејќи пченицата сочинува и до 40 проценти од дневниот внес на протеини, ова е пресвртница за глобалната безбедност на храната.
Како изгледа пченицата одгледувана во затворен простор, погледнете во видеото:
