Во тек е берба на лешници на плантажата на Зоран Јањетовиќ од селото Пискавица недалеку од Бања Лука. Производството е организирано на две парцели со вкупна површина од 4 хектари.
Зоран е долгогодишен производител на лешници. Првите насади ги подигнал пред 11 години на 1 хектар. Бербата била тешка и скапа бидејќи требало да се обезбеди работна сила. Оваа година Зоран го поедноставил производството со набавка на машина за собирање лешници, која го чинела 14.000 конвертибилни марки (околу 7.000 евра).
Зоран има шест сорти лешници и кога е добра година бере и до 6 тони лешници. После берењето лешникот оди на сушење и преработка. Со пласманот нема проблем, а својот лешник го преработува бидејќи тоа му е најисплатливо.
Во продолжение погледнете како Зоран успеал да го поедностави собирањето на лешници.
