Италија го забрани ловот, како и некои други активности на отворено во два нејзини северни региони кои неодамна беа погодени по избувнувањето на африканската свинска чума, објави Ројтерс.
Наредбата, потпишана од министерот за здравство Роберто Сперанза и министерот за земјоделство Стефано Патуанели, опфаќа 114 рурални области во северозападните региони Пиемонт и Лигурија, каде што е откриено дека четири диви свињи ја пренесуваат болеста.
Покрај ловот, според наредбата од министрите, забрането е собирање печурки и тартуфи, риба, пешачење, возење велосипед и вршење на други активности кои би можеле да вклучуваат директен или индиректен контакт со заразен дивеч.
Освен широката забрана за лов, сè уште е дозволено таргетирање на диви свињи со цел да се контролира нивниот број и да се следи ширењето на Африканската свинска чума.
Одлуката која ќе трае шест месеци е донесена бидејќи појавата на таа болест во Италија може да им нанесе голем удар на нејзините производители, бидејќи некои земји го забрануваат увозот на месо од земјите со кои владее Африканската свинска чума, што ѝ се случи на Германија.
„Одлуката ќе овозможи сигурност на нашето производство, но и верба во извозот на нашите производи“, изјавија министрите.
Да се потсетиме, кога болеста се појави во Германија во 2020 година, Кина забрани увоз на свинско месо од таа земја што доведе до големи турбуленции на пазарот.
