Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

(ВИДЕО) НФФ: Бараме измена на законот со кој се регулира откупот на грозје, партнерски односи со винариите и повисоки цени


Препораки на Националната федерација на фармери дадени на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собрание на РСМ искажани од Васка Мојосовска – Претседателка на НФФ.


1. Бараме целосна измена и редефинирање на Член 16-б со кој се регулира откупот на грозје. Наши предлози се откупот на грозје да се изврши до крајот на декември за тековната берба во тековната година . Што се однесува до авансната исплата да биде регулирано исто како што е во член 32 став 5 од Законот за земјоделство и рурален развој каде што пишува: договорот може да предвидува авансна исплата со исплата на остаток од вредноста на производот најдоцна до 90 дена од денот на откупот или исплата на средства во висина до 20% од вредноста на производот во рок од 20 дена од денот на откупот и рокот на исплата на остаток од вредноста не подолг од 180 дена од денот на откупот. Ние прелагаме да се регулира целиот окуп на земјоделските производи вклучително и за грозјето во Законот за земјоделство и рурален развој, каде што е започната процедура за целосна негова измена.

2. Со цел навремена исплата на грозјето и почитување на договорното производство бараме исто како и кај Законот за тутун и во Законот за вино да се воведе банкарска гаранција .

3. Бараме целосно бришење на член 17 став 5 каде што се вели дека : Утврдената цена согласно со ставот (3) на овој член може да се намали најмногу до 8% во случај кога исплатата на износот за откупеното винско грозје се врши во целост во рок од седум дена од денот на приемот согласно со членот 16-б од овој закон.

4. Националната федерација на фармери со години наназад бара да се создадат вистински партнерски односи помеѓу лозарите и винариите и согласно пресметките за производна цена, откупната цена на грозјето треба да изнесува минимални 16 МКД за КГ Смедеревка и 17 МКД за КГ Вранец.

5. Измена на член 17, став 1 каде што бараме шеќерните единици во грозјето да се одредуваат од страна на релевантни државни институции како што се Факултетот за земјоделски науки и храна, Институтот за земјоделство, бидејќи цената за винско грозје се одредува врз основа на шеќерни единици.

6. Подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура во делот на патишта, наводнување, одводнување и справување со климатски промени, кои посебно влијаат на квалитетот на сите земјоделски производи.

Окт 2, 2020agrotim1
Искршени стаклата на ДЗИ на граничниот пункт ТабановцеЗаев: Фирмите кои имаат акумулирани средства да им исплатат К-15 на своите работници

Напишете коментар Откажи одговор

02/10/2020 Агровестваска, вино, грозје, мојсовска, односи, цени389

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019