На барање на нашите колеги производители, особено оние кои не беа во можност да присуствуваат, со задоволство го објавуваме обработено целосното видео од првиот настан со експертот Хуан Пабло Белидо од Шпанија!
Оваа обука беше посветена на зимското управување кај насадите од бадеми (зимска резидба), како еден од најважните техники за нивниот здрав раст и висок принос.
Видеото е достапно на YouTube, со превод и адаптација на македонски јазик, за да биде разбирливо и корисно за секој земјоделец.
Нашата цел е знаењето на експертот Хуан да биде достапно за сите, затоа што споделеното знаење е најголемата вредност во земјоделството.
Настанот се одржа во Валандово, со теоретски и практичен дел, во организација на Балески-Органик и Прва Органска Задруга Валандово, со поддршка од Increasing Market Employability – IME – Програмата за зголемување на пазарната вработливост.
Погледнете го видеото.
