Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) На повторно отворената фарма под вода се одгледува овошје и зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Видео) На повторно отворената фарма под вода се одгледува овошје и зеленчук
Магазин

(Видео) На повторно отворената фарма под вода се одгледува овошје и зеленчук

Објавено 01/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Правата подводна фарма на светот наречена Градината на Немо (Nemo’s garden) е единствена структура во близина на Џенова во Италија, која се состои од шест подводни стакленици во форма на купола. Ја креираше во 2012 година Ocean Reef групата. Чекор по чекор во овој проект почнале да се произведуваат разни растителни видови како босилек, разни сорти на салата, домати, тиквички, грав, грашок, алое вера, печурки и јагоди.

„Целта на проектот е да се создаде алтернативен систем на земјделство, особено посветен на оние подрачја каде што поради околните услови, но и економски и морофолошки причини растенијата не можат да растат“, стои на нивната службена интернет-страница.

Иако оваа фарма почна со работа пред девет години, во октомври 2019 година поради силното невреме претрпе сериозни штети и беше затворена. Меѓутоа, нејзиниот тим интензивно работеше за да ги обнови куполите исполнети со воздух кои се усидрени на дното на морето во кое растеше зеленчук.

Но, се појавил уште еден предизвик. Поради ограничувањата врзани за ковид-19 морале сѐ да одложат на неколку месеци. И покрај непријатностите кои ги снашле, фармата неодамна е повторно отворена, а нејзините основачи велат дека е поотпорна од кога и да е.

Туристичка дестинација, одгледување на риби и алги

„Секоја година откриваме нови можни примени за биосферата“, напоменува за Euronews Џани Фонтанес, главен координатор на овој проект. Освен зеленчук, во проектот се вклучени и туризам, одгледување на риби, морски алги, но и научно- истражувачки лаборатории и подводни станици за следење и истражување на диви животни.

May be an image of body of water

Инаку, оваа градина е опишана како самоодржливо решение бидејќи користи обновлива енергија добиена од сонцето и водата добиена со десалинизација на морската вода. Исто така, микролимата и топлите услови се оптимални за раст на растенијата и добивање приноси за разлика од конвенционалните стакленици и не бараат дополнителни извори на енергија. Исто така, според основачите, станува збор за еколошки прифатливо решение бидејќи нема интеракција со морската околина и сродните екосистеми.

No photo description available.

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:Nemo`s garden
Претходен напис Денеска сончево со умерена облачност, попладне краткотраен дожд
Следен напис (Фото) Шарбојца – место на Галичица за незаборавно кампување во дивина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?